17
мар
2014
Посна манџа со ориз
Компирите излупете ги и сечете ги на тенки плочки.
Пиперките исчистете ги од семето и исечете ги на парчиња, а морковот на ситни коцки.
Празот исецкајте го и заедно со морковот ставете ги во тава со масло и малку пропржете ги. Потоа додајте ги оризот, компирите, пиперките, магдоносот, црвениот пипер и измешајте ги. Додајте ја водата и зачинете по вкус. Оставете да вари додека течноста испари и оризот се свари.
Готовата манџа послужете ја топла со лепче и салата по избор.
Лиценца: Сите права се задржани