Испечати

Посна манџа со ориз

Посна манџа со ориз

Состојки

  • 1 чаша од 250 мл ориз
  • 2 средни компири
  • 1 парче праз ( колку една педа) праз
  • 5-6 суви пиперки
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1 морков
  • по потреба масло
  • по вкус сол, мешан сув зачин и бибер
  • 3-4 чаши вода
  • 1-2 лажици сецкан магдонос

Подготовка

Компирите излупете ги и сечете ги на тенки плочки.
Пиперките исчистете ги од семето и исечете ги на парчиња,  а морковот на ситни коцки.
Празот исецкајте го и заедно со морковот ставете ги во тава со масло и малку пропржете ги. Потоа додајте ги оризот, компирите, пиперките, магдоносот, црвениот пипер и измешајте ги. Додајте ја водата и зачинете по вкус. Оставете да вари додека течноста испари и оризот се свари.
Готовата манџа послужете ја топла со лепче и салата по избор.