Бамјите ги чистиме од дршките и ги попаруваме со врела вода па ги цедиме. Кромидот го пржиме на две лажици масло и ги додаваме доматите лупени и исечкани, малку лук, магдонос, сол и цр пипер. На крај ги ставаме попарените бамји. Го затвораме садот и вариме на тивок оган околу триесетина минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови