Испечати

Посна манџа со бамја

Посна манџа со бамја

Состојки

  • пола килограм бамја
  • 1 главица кромид
  • 4 -5 домати
  • 1 - 2 чешне лук
  • 2 поголеми лажици масло

Подготовка

Бамјите ги чистиме од дршките и ги попаруваме со врела вода па ги цедиме. Кромидот го пржиме на две лажици масло и ги додаваме доматите лупени и исечкани, малку лук, магдонос, сол и цр пипер. На крај ги ставаме попарените бамји. Го затвораме садот и вариме на тивок оган околу триесетина минути.