25
мар
2014
Посен ориз со шампињони
1. Шампињоните исчистете ги и исецкајте ги на тенки ливчина.
2. Кромидот и лукот исецкајте ги и во тава со масло малку пропржете ги. Потоа додајте ги шампињоните и пржете ги додека испари течноста што ја пуштаат.
3. Додајте го оризот и измешајте. Додајте ја водата (колку мислите дека е потребно за варење на оризот), магдоносот, зачините по вкус и оставете да се вари додека омекне оризот.
4. Готовиот ориз послужете го топол со свежа салата или на овој начин може да ви послужи како прилог на риба или месо.
Лиценца: Сите права се задржани