Попарени банички
Од состојките за тесто замесете средно меко тесто.
Поделете го на 5 топчиња.
Оставете ги топчињата тесто да отстојат 30 минути.
Од секое топче тесто расукајте кора, попрскајте ја со масло.
Потоа превиткајте ја од двете страни до половина.
Повторно попрскајте со масло и нанесете од урдата.
Преклопете ја и од двете бочни страни.
Со раце згужвајте ја, но не многу.
Наредете ги во плех, попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат на 200 степени додека убаво заруменат.
За тоа време ставете ја водата, солта и маслото да зовријат.
Откако баничките ќе се испечат попрскајте ги со провриената вода и вратете ги во рерна уште малку за да се впие водата.
Испечените банички покријте ги со крпа малку да оладат, а потоа послужете ги со јогурт.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани