Банички со сирење
Се замесува тестото и се разделува на 4 еднакви дела. Топчињата од тесто се размесуваат уште 2 пати и се оставаат да одстојат околу 45 мин, во кеса на собна температура. Одкако ќе одстојат, се зема едно топче и се става на маса на која има ставено чаршав одоздола, за да не се лепи тестото на масата. Се расукува на тенко и се става одозгора масло, се размачкува и се тегне тестото! Одкако убаво ќе се растегне, се пропрскува со масло и страничните делови се преклопуваат и се формира правоаголник. На двете страни се става од сирењето (може да се употреби било каков фил, на пример зелка со праз и сирење, спанаќ, блитва, по желба). На средина се пресекува тестото надолжно и со помош на чаршавот се витка во ролат! Ролатот се пресекува на 2 дела и се мотаат баничките! Се пече на 220 степени, околу 15-20 мин додека да зарумени!
Пријатен апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
па не остануваат влакненца од чаршавот?
и ти тегнеше? ти!?! ти!?! :) :) :) :)
а чаршавот што го користам е памучен-чаршав за постелнина што се користи и мазен е не пушта влакненца! :D