Погачки со туна во форма на срце
Во длабок сад го ставаме брашното и солта промешуваме, а потоа ги додаваме сите останати состојки за тестото. Го месиме тестото додека да биде мазно и глатко. Го покриваме со кујнска крпа и оставаме да надојде.
Стасаното тесто го делиме на 8 парчиња, секое парче во круг. Секој круг го расукуваме по должина и мотаме во ролна. Ролната ја развлекуваме да биде 15 см. Ја пресекуваме преку средин но едниот крај да биде не пресечен околу 2см. и оформуваме срце. Постапката можете да ја видите во додатните фотографии.
Готовите срца ги редиме во подмачкан плек со малку масло, покриваме со најлонска кеса и оставаме да појдат 15 мин.
За тоа време го спремаме филот.
Рибата ја цедиме од маслото и во неа додаваме ситно сецкан кромид и мајонез мешаме да се соедини филот. Погачките прво ги премачкуваме со разматено јајце, а потоа ги полниме со филот. Печеме на 220 степени околу 20 до 25 мин. Од ова смеса излегуват 8 погачки ако сакате можете да ја дуплирате смесата и да пробате и со друг фил. Доколку некој не го сака ова полнење може да избере по свој вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови