Испечати

Погачки со туна во форма на срце

Погачки со туна во форма на срце

Состојки

  • потребно за тесто
  • 300 -320гр брашно
  • 150 гр млеко
  • 15 гр квасец
  • 1 јајце
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажица шеќер
  • 30 гр маргарин
  • за полнење
  • 0,5 главица кромид
  • 1 конзерва туна
  • 2-3 лаж мајонез
  • за премачкување
  • 1 јајце

Подготовка

Во длабок сад го ставаме брашното и солта промешуваме,  а потоа ги додаваме сите останати состојки за тестото. Го месиме тестото додека да биде мазно и глатко. Го покриваме со кујнска крпа и оставаме да надојде.
Стасаното тесто го делиме на 8 парчиња, секое парче во круг. Секој круг го расукуваме по должина и мотаме во ролна. Ролната ја развлекуваме да биде 15 см. Ја пресекуваме преку средин но едниот крај да биде не пресечен околу 2см.  и оформуваме срце. Постапката можете да ја видите во додатните фотографии.
Готовите срца ги редиме во подмачкан плек со малку масло, покриваме со најлонска кеса и оставаме да појдат 15 мин.

За тоа време го спремаме филот.
Рибата ја цедиме од маслото и во неа додаваме ситно сецкан кромид и мајонез мешаме да се соедини филот. Погачките прво ги премачкуваме со разматено јајце, а потоа ги полниме со филот. Печеме на 220 степени околу 20 до 25 мин. Од ова смеса излегуват 8 погачки ако сакате можете да ја дуплирате смесата и да пробате и со друг фил. Доколку некој не го сака ова полнење може да избере по свој вкус.