Квасецот го ставаме во садот со млакото млеко,додаваме една лажица шеќер и масло и оставаме квасецот да стаса.
Маргаринот го сечкаме на парчиња и го додаваме во садот со брашното. Додаваме сол и брашното го размесуваме со раце.
Едното јајце го додаваме во садот со брашното и задно со стасаниот квасец го замесуваме тестото додека сите состојки не се соединат. На набрашнета работна маса го размесуваме тестото и го оставаме покриено да стаса на топло 30 мин.
Другото јајце го матиме со вилушка и го оставаме на страна. На набрашнета работна маса го размесуваме стасаното тесто и го делиме на два еднакви дела. Од првиот дел развлекуваме кора и ја премачкуваме со кечап, а едниот крај од кората го премачкуваме со разматено јајце за полесно да ни се залепи кората кога ке ја виткаме во ролат. На едниот крај од кората ги редиме парчињата кашкавал, врз нив ставаме од свинскиот врат, ставаме оригано и ја виткаме кората во ролат.
Истата постапка ја правиме и со другото тесто и добиваме два ролата.
Ролатите ги сечеме на парчиња, ги редиме во тава обложена со хартија и одозгора ги премачкуваме со остатокот од разматеното јајце. Ролатите се печат на 200 Ц. 30 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови