
24
мар
2015
Пита со ориз и суво гројзе (посно)
Оризот го вариме со 4 чаши вода доколку е потребно уште додадете
водата треба убаво да изврие. Кога е сварен оризот додадете го сувото гројзе, ванилин шеќер и измешајте.
Кога малку ќе остине додадете и шеќер по ваш вкус.
Редете 3 кори попрскани со масло на третата ставете од филот и замотајте.
Сечете ја питата на парчиња и редете во намрсена тава.
Одозгора попрскајте со малку масло. Печете на 220 степени .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови