Испечати

Пита со ориз и суво гројзе (посно)

Пита со ориз и суво гројзе (посно)

Состојки

  • 500 гр готови кори за пита
  • 300 гр ориз
  • 200 гр суво гројзе
  • 2 пакувања (околу 20 гр) ванилин шеќер
  • по потреба шеќер, вода и масло

Подготовка

Оризот го вариме со 4 чаши вода доколку е потребно уште додадете
водата треба убаво да изврие. Кога е сварен оризот додадете го сувото гројзе, ванилин шеќер и измешајте.
Кога малку ќе остине додадете и шеќер по ваш вкус.

Редете 3 кори попрскани со масло на третата ставете од филот и замотајте.
Сечете ја питата на парчиња и редете во намрсена тава.
Одозгора попрскајте со малку масло. Печете на 220 степени .