Слатки ролнички со суво гројзе
Растворете го квасецот во млекото додајде шеќерот, маслото, јајцето и на крајот брашното. Да сташе 1 час, размесете го тестото, расукајте во правоаголник со дебелина 0,5 цм .
Тестото премачкајте го со маргаринот измешнан со шеќерот. Додајте го сувото гројзе претходно ставено во малку топла вода да набубри и исцедено од водата. Распрскајте го по тестото и додадет и сецкана чоколада. Замотајте во ролат и сечете парчиња со дебелина 2 см. Редете ги по плех обложен со хартија за печење. Да нарасне, па премачкајте со жолчка. Можете да ги посолите и со малку шеќер.
Печете на 180 степени околу 15 до 20 мин да поруменат, но да останат меки. Внимавајте да не се препечат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови