Пирошки-бомбици
Најмекото тесто за пирошки кое сум го пробала.
Квасецот се зафаќа со целата количина млеко-млако и се става малку шеќер, се додаваат 5 лажици брашно и се остава да надојди.
Сите останати продукти за тесто се ставаат во сад, каде компирите нагмечени со виљушка и со маргаринот на собна температура убаво изработени, се става и активиран квасецот, па се меси тесто. Се остава на топло да надојди. Од тестото се кинат топки колку орев големина, се прави дупка на средина, се става од филот и се затвораат. Доколку сакаме изглед на т.н. тулумба пирошка тогаш од тестото сукаме кора и сечиме коцки 5 на 5 см, филуваме по должина и роламе при што краевите секогаш одат навнатре. Натаму секоја се валка во матена белка со виљушка, па во презла и се пржат во врело масло. На хартија се оставаат да се впие вишокот маснотија.
За самиот фил потребно е јајцето да се свари добро(тоа обично додека стасува тестото) потоа се сечка на ситно. Количините на кашкавал и шунка се од прилика и секогаш менувајте по вкус, корнишоните сечкани на коцки и исцедени низ раце, на крај мајонез колку да се спојат сите состојки, вкусот освојува.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови