12
сеп
2014
Пилешко со печурки во павлака
1. Пилешките гради, сечкани на мали парчиња, ги пржиме на тивок оган на масло, додека да зацрвенат. Ги тргаме на страна.
2. Морковите ги сечкаме на кругови или по желба.
3. Кромидот ситно го сечкаме. Прво малку ги пропржуваме морковите, во тавата во која сме го пржеле месото, па го додаваме и кромидот да се пропржи. Масло ставаме околу 50 мл.
4. Ги додаваме печурките и се убаво заедно пропржуваме. Откако ќе се испржи сето ова го додаваме месото и на крај павлаката. Кога ќе се поврзат вкусовите ручекот ни е готов.
Лиценца: Сите права се задржани