Испечати

Пилешко со печурки во павлака

Пилешко со печурки во павлака

Состојки

  • 500 гр пилешки гради
  • 2-3 моркови
  • 1 кромид
  • 2-3 лукчиња
  • 200 гр свежи печурки шампињони
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1/2 лажичка црн бибер
  • 150 гр пушено свинско каре
  • 250 мл неутрална млечна павлака

Подготовка

1. Пилешките гради, сечкани на мали парчиња, ги пржиме на тивок оган на масло, додека да зацрвенат. Ги тргаме на страна.
2. Морковите ги сечкаме на кругови или по желба.
3. Кромидот ситно го сечкаме. Прво малку ги пропржуваме морковите, во тавата во која сме го пржеле месото, па го додаваме и кромидот да се пропржи. Масло ставаме околу 50 мл.
4. Ги додаваме печурките и се убаво заедно пропржуваме. Откако ќе се испржи сето ова го додаваме месото и на крај павлаката. Кога ќе се поврзат вкусовите ручекот ни е готов.