Прекрасно тесто за пастрмајлија.

Подготовка:

1. Од сите состојки за тесто се замесува средно меко тесто. Се остава да дуплира во волумен.
2. Потоа се дели на 8 топчиња. Секое се премачкува со масло, се покрива со стреч фолија и се става во фрижидер, да отстојат преку ноќ.
3. Кога ќе се извадат од фрижидер се оставаат малку да отстојат на собна температура и се обликуваат.
4. Се нанесува месото, кое е најдобро од претходниот ден да е зачинето со сол, мелен црвен пипер и масло. Им се крши по едно јајце. На неколку места се става по малку од свинсата маст.
5.Се печат во добро загреана рерна на 200 степени.

На здравје. 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани