
Пастрмајлии со свински врат
Свинското месо се сече на коцки, се додава сецканото вакумирано свинско месо и сето ова се пропржува на загреано масло. Се зачинува по желба.
Во сад се става брашното, солта, шеќерот и одмрзнатиот квасец и се добро се меша. Се додава маслото и водата и сите состојки добро се месат со рака.
Се остава тестото да нарсне.
Нараснатото тесто се истура на набрашнета површина. Потоа тестото се дели на 4 дела. Секој дел се засукува, а потоа со прсти се формирааат пастрмајлиите.
Така формирани се ставаат во плех обложен со мрсна хартија.
Се додава филот, месото. Кој сака може да додаде и изматено јајце во секоја пастрмајлија .
Се пече на 250 степени 10-15 минути.
На здравје!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови