Пастрмајлии
Состојки
- Тесто
- 1 кг. просеано бело брашно
- 1/2 коцка пресен квасец
- 1 пециво
- 2 лажичиња сол
- 4 лажичиња шеќер
- 200 мл. масло
- 500 мл. јогурт
- по потреба топла вода
- За фил
- по потреба и вкус пилешко или свинско месо
- 8 јајца
- по потреба свинска маст
Подготовка
Прекрасно тесто за пастрмајлија.
Подготовка:
1. Од сите состојки за тесто се замесува средно меко тесто. Се остава да дуплира во волумен.
2. Потоа се дели на 8 топчиња. Секое се премачкува со масло, се покрива со стреч фолија и се става во фрижидер, да отстојат преку ноќ.
3. Кога ќе се извадат од фрижидер се оставаат малку да отстојат на собна температура и се обликуваат.
4. Се нанесува месото, кое е најдобро од претходниот ден да е зачинето со сол, мелен црвен пипер и масло. Им се крши по едно јајце. На неколку места се става по малку од свинсата маст.
5.Се печат во добро загреана рерна на 200 степени.
На здравје.