Белките изматете ги во цврст снег па постепено додавајте го шеќерот. Треба да добиете доста цврст и сјаен снег. Додадете ги бадемите и измешајте убаво со шпатула.
Формирајте бомбици со големина на орев. Смесата е доста леплива, па затоа цело време работете со шеќерот во прав. Ставете од него на дланките и потоа оформете ги бомбиците. Малку расплескајте ги и ставете по една кандирана цреша. Повторно оформете бомбици кои ќе ги извалкате во ливчиња од бадеми.
Редете ги во плех на хартија за печење. Печете ги околу 15 минути на 175° во претходно загреана рерна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани