Ова е фамилијарна доза за моето семејство која не додржува ни еден викенд а да не е изедена. Излегуваат околу 2, 5 полни кутии за колачи, ама се превкусни, пречоколадни, крцкави и затоа ги снемува толку брзо.
Подготовка
Путерот заедно со шеќерите и јајцата пенасто го матиме. Јас ставам во статичниот миксер да се мати и затоа време ја сечкам чоколадата и јаткастите плодови. Кон путер смесата го додаваме најпрво брашното, па чоколадот и сечканите бадеми и ореви. Со рака ја досоединуваме смесата, правиме топчиња, а некои од нив и нежно ги сплескуваме да бидат оригинал ,,кукис’’. Ги редиме на хартија за печење. Ги печеме во згреана рерна на 200 степени околу 7-8 минути.

Забелешка
Времетраењето на печење е кратко, ако ги препечеме ќе бидат ронливи и суви.