Памук кифли
Денешниот појадок беа овие меки кифли како памук.
Нема сукање, нема маргарини, едноставни, вкусни, меки, брзи.
Најпрво во млакото млеко ставете го шеќерот, квасецот и малку брашно.
Измешајте убаво и нека почни квасецот да се активира.
Постепено во вангличката додајте ги сите течни состојки, солта, јајцето, пецивото и се додава брашното.
Се замесува тесто да биде понамеко.
Оставете го 15 минути покриено со крпа да кисни.
Потоа тестото се дели на 6 топки.
Се сучат корички, се сечат на парчиња и се виткаат кифли.
Јас така постапив со 3 топки.
Од останатите 3 топки правев полжавчиња.
Прво се прават мали ѓузлемина, се тегнат со раце како молив, од внатрешната страна се засекуваат со нож на отприлика 5 мм, и се витка полжавче.
Се редат кифлите во плехови за печење, се премачкуваат со 1 изматено јајце, се наросуваат со сусам, киснат 15 минути и се печат.
Испечени се редат на решетка и се покриваат со чиста крпа да одстојат 10 минути.
Фали сирење, јогурт и ете го појадокот.
Лиценца: Сите права се задржани
samo da kazam deka navistina kiflinjata se kako pamuk,gi pravev i navistina sum prezadovolna
Milo Mi e sto vi se dopadnaaa
Pozz