Најпрвин ставете го оризот да се вари.
Откако ќе се свари, исплакнете го со ладна вода и исцедете го.
Додајте го заферанот, мешан сув зачин и црн бибер.
Убаво измешајте.
Во тава на оган ставете малку масло и додајте го сецканиот кромид и радикио. Посолете и пропржете ги додека омекнат.
Карфиолот ставете го во зовриена вода малку да се обари, а потоа оставете го да се олади.
Пилешките гради исечете ги на мали парчиња, посолете ги и свалкајте ги во мешавина од брашно и кари.
Ставете ги коцките пилешко да се пропржат во сосема малку масло.
Во нелеплива тава ставете малку масло и со навлажнети раце ставете половина од оризот и убаво расплескајте со раце.
Одозгора ставете го пропржениот кромид со радикио, парчињата карфиол, пилешкото месо, коцки моцарела и пармезан.
Одозгора повторно со навлажнети раце додајте го остатокот од оризот и убаво со раце оформете ја смесата во вид на торта-колач.
Ставете ја тавата на оган на средна температура и пржете 10 минути.
Потоа поклопете со округла чинија која треба да е со помали димензии од тавата и превртете.
Повторно во тавата ставете малку масло и внимателно вратете ја смесата од ориз.
Треба што побрзо да се изведе постапката на превртување, за да не се залепи оризот за чинијата.
Оставете да се пржи и од другата страна уште 10 минути, па повторете ја постапката на превртување.
Може да ја послужите оваа солена торта од ориз и топла и ладна, подеднакво е вкусна во комбинација со свежа салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани