Во голема тава за пржење загрејте 2 - 3 лажици масло, па на силен оган пропржете ги коцките пилешко месо да се заруменат. Извадете ги на страна во еден мал сад.
На истото масло ставете го да се пржи кромидот на средна температура додека не омекни. Додајте го лутото пиперче, лукот, сите зачини и шеќерот, па пропржете минута - две да стане ароматично. Додајте ги доматите, пропржете, додајте го и кокосовото млеко. Добро измешајте да се соедини, па додајте ги цветчината карфиол и претходно запрженото месо. Посолете, побиберете, па варете отворено на среден оган петнаесетина минути додека не се свари карфиолот и не се згусти .
Дотерајте го вкусот и послужете жешко со сварен ориз или со Наан леб.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови