Испечати

Кари од пилешко месо и карфиол

Кари од пилешко месо и карфиол

Состојки

  • 700 гр бело пилешко месо, исечено на коцки
  • 1 главица кромид, ситно исецкана
  • 1 зелени лути пиперчина, ситно исецкани
  • 3 чешнина протиснат лук
  • 2 цм свеж ѓумбир, ситно изрендан
  • 2 - 3 домати, излупени и исечени на ситни коцки, или 1 лименка сецкани домати
  • 1 лименка кокосово млеко
  • 1 мала главица карфиол, искината на средно големи цветчина
  • 1/2 лажичка чили во прав
  • 1 лажичка куркума
  • 2 лажички гарам масала
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • по вкус сол, бибер
  • малку сецкан магдонос

Подготовка

Во голема тава за пржење загрејте 2 - 3 лажици масло, па на силен оган пропржете ги коцките пилешко месо да се заруменат. Извадете ги на страна во еден мал сад.
На истото масло ставете го да се пржи кромидот на средна температура додека не омекни. Додајте го лутото пиперче, лукот, сите зачини и шеќерот, па пропржете минута - две да стане ароматично. Додајте ги доматите, пропржете, додајте го и кокосовото млеко. Добро измешајте да се соедини, па додајте ги цветчината карфиол и претходно запрженото месо. Посолете, побиберете, па варете отворено на среден оган петнаесетина минути додека не се свари карфиолот и не се згусти .
Дотерајте го вкусот и послужете жешко со сварен ориз или со Наан леб.