23
фев
2014
Неделен сладок леб со суво грозје (рецепт за пекач)
Уште еден од листата на рецепти за леб подготвен во пекач. Идеален за појадок со додаток на мармалад, мед, путер....изборот е ваш.
Состојките од рецептот по ред ставете ги во модлата за печење. Изберете ја функцијата за слатко пециво, за тежина на лебот изберете 1000 гр. и по ваш избор опција за печење.
Вклучете го пекачот и после три часа уживајте во тазе печеното, топло и слатко лепче.
Лебот може да го подготвите и без пекачот. Во тој случај сите состојки изматете ги со миксер. Тестото двапати се премесува (мати), после второто премесување се става во модлата и откако ќе стаса се пече. Печете на 180° во претходно загреана рерна.
Лиценца: Сите права се задржани
Fala vi! :)
Значи под број 1 .. под итно да си набавиме пекач (тие што немаме) :)))
Преубав и овој рецепт, многу сакам слатки теста со суво грозје :)