Печурките се ставаат да се одцедат. Месото се вари додека убаво се свари. Земичката се натопува во супа и убаво се цеди.
Сите состојки се ставаат во блендер и убаво се соединуваат. Сол или мешан сув зачин се додава по вкус. Најубаво е да се стави мешан зачин додека се вари месото и кон крај на варењето(10 минути пред да се извади месото)да се стават и печурките да вријат заедно. Исто така овој намаз може да се направи ако од претходниот ручек ви остано пилешко месо искористете го вака. Намазот се чува во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани