Намаз од печурки
1. Зеленчукот исчистете го и секој посебно ставете го во алу фолија, па во тава за печење. Поткренете ги краевите од фолиите и во тавата ставете малку топла вода, па ставете да се пече во загреана рерна. Печете додека компирот и морковот не се готови, ако има потреба покријте за да не загорат.
2. Во блендер прво ставете го кромидот и лукчето, па по кратко додадете ги и печурките. Блендирајте додека не се добие убава кремаста смеса. Потоа додадете ги компирот, морковот и сенфот, зачинете по вкус и блендирајте додека не се изедначи смесата.
Извадете во чинија, додадете го ситно сецканиот магдонос, промешајте со лажица и ставете во фрижидер да се излади и да се спојат вкусовите.
На лепче во комбинација со букова сол е одличен, секако по желба може да си додадете и други зачини.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани