9
ное
2012
Мусака од ориз
Кромидот и морковот ситно исецкајте ги и малку пропржете ги на маслото. Потоа додадете го месото и зачините, измешајте и убаво испржете го.
Оризот сварете го во посолена вода и исцедете го.
Помало плехче намачкате го со путер и наросете го со презла. Ставете половина од оризот, наредете половина од кашкавалот исечен на парчиња или изрендан, потоа месото, повторно кашкавал и на крај оризот.
Измешајте ги јајцата со млекото и павлаката и прелијте ја.
Ставете го да се потпечи 10-15 мин на 200 С.
Послужете ја топла со салата.
Лиценца: Сите права се задржани