Бела мусака
Компирите се лупат и се сечат на тенки кругови како за мусака. Излупениот кромид се сече на кругови кои се разлистуваат на прстени. Пожелно е кромидот да е исечен малку подебело од копирот. Во тркалезно намастено тавче се редат компирите, па прстените кромид, повторно компири, па кромид. Се завршува со кромид. Мусаката се прелева со 200 дл. млеко или хопла. Со хопла е одлично, но ако ви е многу калорично или сте алергични на хопла употребете полномасно млеко). Зачинете со зачин и со бибер. Се пече на 200 степени половина час, готово е штом заруменат компирите. 5 мин пред крај на печењето се наросува со мајоран.
* Лично ми е подобро ако ставам повеќе кромид од компири ( 500 кромид 300 компири).
Оваа мусака се служи со фунги сос или пак со печена кокошка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
особено мрсниот хопла дел во кој би додала 2-3 матени јајца, да се знае која куќа јаде мрсно :) :) :) :)
а ова со јајцата ми се бендиса...