Микс кифлички со јогурт и павлака
Се зафаќа квасецот настрана со малку вода и2-3 лајци брашно, на врв на лајче шеќер - да надојди. Од маслото, млекото, јогуртот-млак, павлаката, јајцето, сол,брашно и печиво, можно е повеќе од 1 кг.брашно да треба + малку за посип и на крај стасан квасец,се меси тесто мекичко.
Се дели на 3 дела од секој дел се кинат по 6 топки кои се сукааат и се мачкаат со маргарин, па се редат една над друга. Последната коричка т.е. шестата секогаш останува не намачкана. Се остава во фрижидер некои 15 мин, се вади и на посип од брашно се сука една голема кора од која се сечат триаголни парчиња за кифлички (од 16-20 зависно колкава големина сакаме да добиеме за кифлињата) иста е постапката и за останатите 2 кори.
На секое парче се става посолена урда и се витка со ролање кон врвот. Кифлињата се редат над хартија за печење се оставаат 30 мин да надојдат, се премачкуваат со разматено јајце, се роси ким или било што по вкус се печат на 200
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови