Лиснати кифлички со јогурт
Се замесува со надојдениот квасец, масло, сол, пециво и фил од изматените јајца со јогурт и млеко.
Тестото се замесува на меко, се остава 5 минути да одмори, па се дели на 5 еднакви делови.
Се почнува од првиот дел. Се прават 8 еднакви по големина топчиња, секое се расукува колку мала чинија, се премачкува со маргарин и се редат едно над друго. Вака добиената целина се става на страна и постапката се повторува со останатите четири делови.
Најпрво се земаат првите осум. Со сукало се расукува во тркалезна кора и се сечи на 4 дела. Секој дел се сечи на 5 или повеќе помали триаголници, во зависност од големината на кифличките. На секој тријаголник се става сирење и се виткаат кифлички.
Постапката се повторува со остатокот од тестото.
Кифличките се оставаат да надојдат, се премачкуваат со жолчка и се печат на 180 степени додека добијат убава златна боја.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови