Домашни лиснати кифлички
Денес решив да подготвам еден рецепт кој одамна не сум го спремила.
Во длабок сад го разматуваме квасецот со зејтинот и млекото. Оставаме малку да нарасне па ги додаваме брашното 3 белки и солта. Месиме тесто во кое додаваме вода во зависност од тоа какво е брашното. Ако размекнува многу додаваме само 200 грама. Месиме меко тесто и го оставаме да стаса.
Кога тестото ќе нарасне го префрламе на набрашнета површина, го размесуваме и го делиме на две половини. Потоа двете купчиња ги делиме на 6 дела значи веќе имаме 12 топчиња.
Секое топче го расукуваме во коричка со големина на една палачинка. Ја премачкуваме со маргарин и врз неа додаваме учте една. Се така редиме 6 кори една врз друга, но на последната не мачкаме маргарин. Постапката ја повторуваме и со другите 6 топчиња. Откако оформивме две купчиња на кори една врз друга, го земаме едното купче и со сукалка развлекуваме голема кора. Ја сечеме на 8 парчиња од кои виткаме кифлици.
Постаката ја повторуваме и со другата кора.
Тавата ја премачкуваме со маргарин. Ги редиме кифлиците и оставаме да стасаат. Откако ќе нараснат, премачкуваме со жолчка и ставаме да се печат.
Кифлиците се готови после 20 минутно печење. Ќе добијат руменеста боја и прекрасен изглед.
На здравје со прекрасните лиснати кифлици....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови