Медена корпа
Водата, шеќерот и медот се варат 5 минути на умерена температура. Се трга на стрна да се лади, да биди млако.
Во брашното се додаваат јајцето и жолчките, содата и зачините. Се додава и млаката шербетна смеса и се исмесува глатко тесто. Во зависност од силата на испарувањето на шербетот или големината на јајцата, доколку ви лепи тестото на рацете и е многу меко, додадете уште млаку брашно (кај мене не мораше воопшто)
Тестото завиткајте го во фолија и оставете го на ладно или во фрижидер најмалку половина час (можи и преку ноќ).
Земете „чингена“ длабока чинија или било која водоотпорна модла со солидна длабочина за макета и подлога на корпата за печење. Намастете ја.
Тенко развлечете го тестото на набрашнета површина или врз пек хартија. Одрежете го тестото во малку поголем дијаметар од модлата на која ќе печите. Засечете по желба, на краевите за поинтересен изглед, а можи и со мала модла за сечење колачи да направите и дополнителни шарки. Јас немав време овој пат многу да си „играм“, ја направив наједноставна.
Префрлете го така исеченото тесто на превртената чинија/модла, која сте ја поставиле во некоја плитка тава за печење. Одозгора премачкајте со белка.
Печете на 170С додека благо не порумени.
Доколку сакате дополнително да ја декорорате, додека е топла премачкајте или исцртајте ја со ројал смеса од белка и шеќер и оставете да исуши.
Од останатото тесто, направете други или пак со калапче вадете форми и испечете медењаци и наполнете ја медената корпа. Така спремена, можете да ја завиткае во целофан и да ја подарите за празниците.
Лиценца: Сите права се задржани
Ама од она очине на дополнителнине фотографии ме фаќа „еза“ :):):)
Корпата отиде на подарок кај снаата, а брат ми посака веднаш да ја натопи со млеко и изеди хаха Па како таа не сакаше веднаш да ја дава, сега морам една и за негова желба да правам :)
Тео, очите ми се куповни. Ме пленија уште на 50 метри од рафтот. Морав да ги вметнам некаде заради „љубов на прв поглед“ :))) се падна ете, баш овде :))) ... си реков, нек аима малку шареноликост :Р