Испечати

Медена корпа

Медена корпа

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 200 гр шеќер
  • 5 лажици мед
  • 1 рамно лажиче сода бикарбона
  • 1 јајце
  • 2 жолчки
  • 100 мл вода
  • 1 рендана кора од лимон или едно чајно лажиче екстракт од лимон/цитрон
  • по вкус цимет, ѓумбир, каранфилче и пимент

Подготовка

Водата, шеќерот и медот се варат 5 минути на умерена температура. Се трга на стрна да се лади, да биди млако.
Во брашното се додаваат јајцето и жолчките, содата и зачините. Се додава и млаката шербетна смеса и се исмесува глатко тесто. Во зависност од силата на испарувањето на шербетот или големината на јајцата, доколку ви лепи тестото на рацете и е многу меко, додадете уште млаку брашно (кај мене не мораше воопшто)
Тестото завиткајте го во фолија и оставете го на ладно или во фрижидер најмалку половина час (можи и преку ноќ).

Земете „чингена“ длабока чинија или било која водоотпорна модла со солидна длабочина за макета и подлога на корпата за печење. Намастете ја.
Тенко развлечете го тестото на набрашнета површина или врз пек хартија. Одрежете го тестото во малку поголем дијаметар од модлата на која ќе печите. Засечете по желба, на краевите за поинтересен изглед, а можи и со мала модла за сечење колачи да направите и дополнителни шарки. Јас немав време овој пат многу да си „играм“, ја направив наједноставна.
Префрлете го така исеченото тесто на превртената чинија/модла, која сте ја поставиле во некоја плитка тава за печење. Одозгора премачкајте со белка.
Печете на 170С додека благо не порумени.
Доколку сакате дополнително да ја декорорате, додека е топла премачкајте или исцртајте ја со ројал смеса од белка и шеќер и оставете да исуши.
Од останатото тесто, направете други или пак со калапче вадете форми и испечете медењаци и наполнете ја медената корпа. Така спремена, можете да ја завиткае во целофан и да ја подарите за празниците.