Убава и декоративна корпа од тесто која можи да ја наполните со Велигденски јајца за престојниов наш најголем празник-Велигден и да биде украс на вашата трпеза.
Во друга прилика можи да ја наполните и со микс од кифли, исто така многу убаво изгледа.

Најпрво еден огноотпорен сад или во мојов случај куглоф обложуваме со алу фолија. Ја намрсуваме со масло и ја ставаме на хартија во плех. Претходно на друга хартија за печење ја цртаме големината од формата, која ќе ни послужи за да ја обликуваме рачката на корпата.

Во просеаното брашно на средина правиме вдлабнатинка, го активираме квасецот со шеќерот и топлото млеко.
Откако се активирал ги додаваме останатите состојки и замесуваме појако тесто од за кифли со додавање на водата и тоа околу 160-200мл.(Тоа сепак зависи од брашното, колку ќе прими, но водиме сметка тестото да биде понајако за да можи убаво да се обликова.)

Тестото не се кисни, веднаш се работи.

Од тестото отвораме кора со дебелина од пола сантиметар. Сечиме ленти со ширина од околу 2 сантиметри. Од нив 9 ставаме во еден правец и потоа со уште 9 плетиме квадратна мрежа.Појасно ќе ви биде кога ќе ги видите дополнителните фотографии подолу. Внимателно се префрлува мрежата над модлата.(Ако сметате дека е полесно можи над фолија да ја плетите мрежата и со се неа префрлите на веќе поставената.)

Кога ја префрливме убаво си ја местиме и од деловите што висат, плетиме обрачат, при што вишокот тесто го сечиме и убаво провнуваме низ лентите.

Мрежата ја премачкуваме со разматено јајце со малку млеко.

Ставаме да се пече во загреана рерна на 200 мин. додека убаво порумени. Во текот на печењето со помош на хартијата ја вртиме од сите страни подеднакво да се испече.

Додека се печи таа, од преостанатото тесто (претходно го премесуваме и правиме суканици) ја плетиме и по цртежот ја обликоваме рачката. Премачкуваме со јајце и ја печиме исто на 200 степени додека порумени.

Печената корпа ја оставаме малку да излади, па го вадиме куглофот и фолијата-внимателно.Оставаме подполно да се излади.

Печената рачка исто ја оставаме целосно да излади, зошто можи да ни се скрши.
(Кај мене дојде подолга, не ми изгледаше естетски и ја подсеков од двата краја, па уште поубаво си легна на обрачот.)

Составување
Со помош на чепкалки за заби ( можи и стапче за раженче да се користи) ја прицврстуваме рачката на корпата.
И сега го чекаме денот кога ќе ја наполниме со јајца!
За многу години!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани