Велигденска Корпа од тесто
Во групата на мојата пријателка Мубера, овој период се прави БУМ од вакви корпи од тесто, која од која од членките е со поубава и покреативна корпа. Така, со тек на време бев и јас испровоцирана од нивната уметност и решив да си ја испробам можноста и за прв пат да се обидам да направам своја. На повеќето корпи е овој составот, но секако ако мислите дека за кратко време ќе ја чувате корпата и потоа сакате да ја изедите, тестото направете си го со „јадлив“состав... само внимавајте ако решите да ставате квасец на количината од која можи обликот да се измени до некаде.
Најпрво солта и водата се мешаат до максимумот до кој можи солта да се растопи. Потоа се додава брашното и се замесува тесто, кое треба на допир да изгледа како пластелин. Значи, во зависност од впивливоста на брашното, додадете вода (или малку брашно, што во случајот брашно не би требало баш) за да ја постигните коигзестенцијата на изглед пластелин.
Расучете го тестото и исечете тенки траки со кои можи да ја исплетите кошницата. Во овој случај лењирот е супер помагало ако се има при рака. Секако, дека освен со вака испреплетено тесто, копрата можи да си ја направите и со друг изглед спрема вашата фантазија.
Доколку се решите за вака исплетена корпа, најдобар начин е најпрво да ја исплетите врз парче алуминиумска фолија, која предходно мора добро да се премачка со масло. Потоа плетеното тесто заедно со се фолијата се префрла врз длабокиот сад (кој е свртен наопаку). вишокот тесто се отсекува покрај рабовите и потоа на тој дел се поставува обрач од тесто.
Можи да обликувате и газер на корпата исто така со обрач или пак цело парче тесто во круг, или пак едноставно да остани само со плетенката.
И за крај, по желба од страните можи да ја украсите со форми од калапчиња.
Премачкајте ја со благо разматена белка (деловите кои ги додавате исто така ги лепите со белка) и печете на 150С додека не стани цврста и малку подотемни.
Пред да ја извадите од калапот оставете ја добро да се излади.
На крај, можи да направите и плетенка со преостанатото тесто која ќе ја обликувате како рачка за корпата и неа на ист начин ја печите и потоа ја прицврстувате на кошничката. Тоа можи да го направите со помош на чечкалици или со брашно и вода.
Уживајте во празниците!
Лиценца: Сите права се задржани
За тестото кога размислував, се решив за овој состав, најпрво бидејќи целта е сепак повеќе за украс, па џабе ќе ја правам јадлива, а потоа пресуди и фактот што штом е без квасец (иако и само со пециво не би требала да е проблем и нормално тесто) нема да има изобличување на формата. Тестото е многу лесно за работење, само гледајте да ја има коегзистенцијата на пластелин... Маја, сигурно ќе успее, пробај :)