Моите омилени мафини....
Меки, мирисни, вкусни.

Во садот на нутрибулет ја ставаме бананата, некоја капка лимон и маслото.
Соединуваме.
Во сад го ставаме јајцето и шеќерот и матиме до побелување.
Ја додаваме бананата соединета со маслото, пецивото, брашното, морското оревче, оревот и ренданото чоколадо.
Соединуваме убаво.
Смесата ја распоредуваме во калап за мафини
Мене ми требаа 7 калапчиња.
Печиме околу 20 минути во загреана рерна на 180 с.
Потоа правиме нежна декорација со бело чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани