Мафини со банана, орев и млечно чоколадо
Состојки
- 1 јајце
- 1-2 лажица кафен шеќер
- 100гр брашно
- 70гр мелен орев
- 1 зрела банана-150гр и некоја капка лимон
- 50гр млечно чоколадо
- 1/4 лажиче морско оревче
- 4 лажици масло
- 1/2 лажиче пециво
- 30гр бело чоколадо за декорација
Подготовка
Моите омилени мафини....
Меки, мирисни, вкусни.
Во садот на нутрибулет ја ставаме бананата, некоја капка лимон и маслото.
Соединуваме.
Во сад го ставаме јајцето и шеќерот и матиме до побелување.
Ја додаваме бананата соединета со маслото, пецивото, брашното, морското оревче, оревот и ренданото чоколадо.
Соединуваме убаво.
Смесата ја распоредуваме во калап за мафини
Мене ми требаа 7 калапчиња.
Печиме околу 20 минути во загреана рерна на 180 с.
Потоа правиме нежна декорација со бело чоколадо.