
Млечно лепче со путер и лук
Брашното ставете го во сад за месење. Додадете ги квасецот, лукот во прав, солта и шеќерот.
Путерот стопете го и додадете го во млекото. Оставете околу ¼ од путерот за премачкување на калапот и лепчето.
Со постепено додавање на млекото замесете меко тесто. Оставете го тестото да стаса околу 20-30 мин. Откако ќе стаса замесете го уште еднаш на набрашнета површина и формирајте го во форма на калапот. Откако ќе го премачкате калапот со путер ставете го тестото во него и на горниот дел засечете го малку со нож. Потоа премачкајте го со путер, наросете малку лук во прав и мајчина душица или рузмарин. Оставете го малку да стаса и потоа печете го 30тина мин, додека добие убава златно-кафена боја.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови