Мафини од Таглиатели со пилешко месо
Вкусни и малку поинакви мафини, кои може да ги послужите во секакава пригода, за прослави, за ручек, предјадење....поготовката е лесна, а вкусот им е мммммм.....
Таглиателите сварете ги според упатството на опаковката. Пилешките гради исечете ги на тенки ленти. Кромидот и морковите ситно исецкајте ги. Во едно тавче загрејте малку зејтин и испржете го месото. Кога ќе е готово извадете го на страна. Во истото тавче испржете го кромидот и морковите. Кога ќе омекнат, додадете го прженото месо, грашакот и сварените и исцедени тестенини. Убаво измешајте.
Калапите за мафини намачкајте ги со зејтин и посипете со лебни трошки. Од смесата со тестенини ставајте во секое калапче и притиснете малку со прстите.
Во еден длабок сад изматете ги јајцата и додадете ги млекото, павлаката и кашкавалот. Посолете и побиберете по вкус. Со ова се преливаат тестенините.
Се пече на 175°Ц околу 25 мин.
Послужете со свежа салата по ваш избор.
Напомена ~ јас користев грашак од конзерва. Доколку користите свеж грашак, во тој случај ќе треба претходно да го сварите.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови