Манастирска паштета
Овој рецепт го начекав во една група на Фејсбук, каде што за време на постите редовно објавуваат рецепти.
Инаку оригиналниот рецепт потекнува и се уште се приготвува во манастирот Рукумија (малку северно од Пожаревац),Србија.
Монахињата Атанасија била зачудена од еден гостин кога за време ручек и побарал мелени ореви, да ги размеша со гравот. Тоа и се видело чудно, па го набљудувала што ќе направи и ја запамтила постапката. Подоцна го направила истото, додавајќи и варени компири, па продолжила да прави и разни варијации на истата тема. Од тогаш,па до денес оваа паштета се служи во манастирот, за да ги засити гостите.
Реакцијата кај нас дома беше и повеќе од позитивна, па оваа здрава паштета ви ја препорачувам да ја направите што поскоро, независно дали сте во пост или не.
Компирите, морковите, целерот, пашканатот и кромидот се чистат, се сечат на парчиња и се варат се дури да смекнат убаво.
Ако имате сад за варење на пареа, може и така да ги сварите. Доколку немате, процедете го зеленчукот од водата, а од водата направете си некоја супа, бидејќи изобилува со корисни материи.
Потоа во блендер сомелете го варениот зеленчук, да добие кремаста структура. Може да го мелете така што ќе оставите и мали парченца, како што може да забележите и на сликите.
Потоа на сомелениот зеленчук, додадете им ги сенфот, сокот од лимон, зачините по желба, лукот, магдоносот и печените и мелени кикирики.
Измешајте се, да добиете хомогена смеса и спакувајте во тегли.
Јас направив пола од наведената доза и наполнив 2 тегли.
Наместо кикирики додадов ореви, потпечени во рерна и сомелени, а ставив и маслинки (тоа го нема погоре во состојките).
Пријатен апетит и верувам дека навистина ќе уживате!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Немој да се наелектризируваш,не ги ставај и готово,иако немаат доминантен вкус,а и нивните дози може да ги намалиш.
Оди во омилени и викендов се фаќам за работа :)
Пробај,ако ништо друго барем на одредено време да ти разбие монотонија,бидејќи менито знам како изгледа :))
Ljubica celi dve glavici luk?
slikata odlicna a i detalite okolu pastetata:)
Да цели 2 главици или околу 20 чешњина,исто ти доаѓа.Таа количина не е многу,јас дури се двоумев дали да додадам плус.Лукот бидејќи не оди на варење,го блендам со останатите сварени состојки и на крај кога ќе измешам се заедно,пробам и ако нешто ми фали додавам од свежите миродии.
Сликата мора да потсетува на пост :)
Фала ти Бети
Сега скоро на сите слични портали и фб групи и страници има вакви слични рецепти.Но да се зготви нешто вкусно без масло тоа навистина е предизвик.
Дури и размислувам ако малку го запржам зеленчукот и го динстам на тивко,а потоа да го сомелам како би излегла,сигурно уште повкусно
Jas uste utre so pecenje ke probam, mala doza :)))
Zelencukot pecen pod folija so sol i malku maslinovo maslo, posle samo ispasirano so alatka za pire... Ne bev raspolozena za mienje na blenderot :)))
Nesto si mislev, da ne ispadni svetogrdie, ama temjanot bi dal mnogu dobar dim za fotografiranje, ne ? :)
А за димот :) Дејан кога се врати и ги виде сликите ми вика што не си сликала со запален темјан,знаеш каков дим дава?!:))
А мене пусто ме мрзеше де чепкам во жарчињата и темјанот да го палам и го оставив така...ај за некој следен пат,може ќе се погоди нешто слично!
Направи пола доза за старт,најдобро!
Јас сега за Божикниот пост ја направив и исто како што и Лили ти рече само алатката за пире користев.
Поздрав и чекам слики
Поздрав и фала уште еднаш,јас од наредна недела почнувам со спремање :)
поздрав