
Лиснато со авокадо
Лесно и вкусно !
Откако ќе се одмрзне лиснатото тесто се расукува тенка кора од 1см.
На едната страна се мачка со крем сир, мајонез и одозгора се редат сецканата фефронка, кришки од авокадо и кашкавал, печеницата и одозгора се попрскува малку табаско.
Потоа се витка во ролат и се става во плех обложен со хартија.
Одозгора се премачкува со жолчка и може да се посипе со сусам.
Се пече во загреана рерна на 180Ц околу 30мин додека не зарумени.
Пријатен апетит !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови