Лазањи со домашно приготвено тесто
Тесто
Се замесува тесто од брашното, јајцата и млекото. Тестото убаво се меси да се добие мазно и тврдо тесто. Се расукува на тенки кори и се сече во зависност од плехот во кој се подготвуваат лазањите. Ако имате дома машина за јуфки најубаво е низ неа, ама за тие што немаат може да се послужат и со сукало и ќе го добијат истиот ефект. Одкако ќе се исечат парчињата, се редат на побрашнета салфетка или чаршав и се оставаат да се просушат. Јас тоа го правам на зима и на термо печка.
Фил
Кромидот се сече и се пржи на загреан зејтин. Одкако ќе застакли се додава месото и се пропржува. Се додава и доматното пире, ловоровиот лист и се остава да врие 10 минути со повремено мешање. На крај се додава виното, ориганото, босилекот, лукчето и сол и црн бибер.
Бешамел
На маргаринот се запржува брашното, па се налева со врелото млеко и се вари 5 минути. Кон варениот сос се додава и пармезанот.
Во соодветна тава-плех се реди ред лазањи, па од готовиот сос па од бешамелот. Така се постапува додека се потроши целиот фил. На последниот ред се реди кашкавалот. Тавчето се покрива со алуминиумска фолија и се става во загреана рерна околу 1час на 180степени. 10 минути пред крај се одстранува фолијата и се допечува да фати убава коричка.
Рецепти за лазањи има многу но начјесто кај нас поминуваат по овој рецепт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
veruvam vaka se podobri