Во сад се просејува брашното, се става солта или шеќерот, пецивото и оцетот. Се промешува.
Полека се додава од водата. Се меси средно тесто. Ни тврдо ни меко. Се остава да одмори 10-15 мин на ладно место(не во фрижидер).
Се дели на 2 дела. Едниот дел се раскукува на побрашнета површина. Не се сука многу тенко туку средно. Се ренда од 100 гр. маргарин на сета површина. Се поклопува од горе до половина, од долу до половина и од лево и од десно по половина. Да дојде како плик. Се остава во фрижидер 15 мин.

На ист начин се подготвува и другиот дел. Одкако одморило 15 мин.се вади од фрижидер и се раскува кора на набрашнета површина. Повторно се прави како плик (не се премачкува) и пак се остава 15 мин. Се вади и пак се прави као плик, се остава пак 15 мин. После се вади и се прави што сакате.

За да има по повеќе листови треба повеќе пати да се преклопува. Едниот дел може да го замрзнете па кога ќе ви треба да го одмрзнете и да правите што сакате. Тестото во фрижидер може да стои по повеќе часа додека го подготвувате.
Излегува околу 750-800 гр. готово лиснато тесто.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови