Се става водата да зоврие со маку сол. Кога ќе зоврие се полива врз кус кусот и се остава да ја впие целата вода.
Пиперките се печат, лупат и сецкаат. Доматите се лупат и сецкаат на ситни коцки. Се заедно се додава во веќе оладениот кус кус. Лукчето се сецка и се додава во смесата.
На крај се зачинува со исцедениот лимон, балсамико, сол, бибер,кориандер и маслиновиот зејтин се добро се меша. Одозгора украсете со малку магдонос.
Добар апетит
Оваа салата е одлична со свинско месо на скара

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови