Се мати со миксер убаво маргаринот со шеќерот, потоа се додаваат жолчките. Откако ќе се изматат се исклучува миксерот и продолжуваме да месиме со раце. Го додаваме брашното и месиме со раце.
Кога добро ќе се измеси и соедини брашното, ги земаме калапите за корпици ги премачкуваме со масло и ги формираме корпиците, па потоа ги ставаме да се печат додека да заруменат.

Започнуваме со подготовка на филот.
Ги ставаме во еден сад јајцата и чоколадата ја кршиме на коцки и ги матиме на пареа додека да добиеме густ крем, оставаме да се излади. На страна во друг сад ги матиме маргаринот и шеќерот во прав. Откако кремот ќе се излади го мешаме со изматениот маргарин и ги полниме корпиците со шприц. На крај ги декорираме по желба.

Поздрав до сите јас сум нова овде..многу добар рецепт, лесен за подготовка и многу декоративни се за на маса за сите свечености !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови