Сладолед корпици
Во длабок сад ги кршиме бисквитите, додаваме лешници ситно сецкани, желе бонбоните сецкани, кокосот, шеќерот во прав и промешуваме. На оган го ставаме млекото да се загрее и во него го додаваме маргаринот.
Кога ќе почне да врие се додава кесичката пудинг и се меша додека да згусне смесата. Готовата смеса се става во длабокиот сад кај другите состојки и се мешаат убаво. Готовата смеса се полни во калапчиња или во корпици. На страна на пареа се топи чоколадото и додека е топло се ставаа по некоја капка врз корпицата.
За изгледот да им го збогатиме, јас одлучив и да направам некоја фигура од локум, со која ќе им дадам по привлечен изглед на моите колачи.
На страна во пластичен сад ставив шеќер во прав и бел локум и убаво го замесив. Ја соединив смесата и од неа приготвив фигури во вид на листови и цветови. Со додавање на прехрамбена боја во потреба. Декорирав врз корпичките.
Оставам да се стврдне во фрижидер и го служам ладно. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови