Ставете ги во тенџерче маргаринот, шеќерот, јајцата и чоколадото и на не многу силен оган варете ги неколку мин. мешајќи.
Потоа тргнете го тенџерчето од шпоретот и ставете ги и другите состојки. Кога сето ќе се соедини, турете го во некое правоаголно плехче, 20*30 цм.
Кога ќе се олади, направете го белиот фондан. Млекото зовријте го па турете го врз шеќерот, па капнете и некоја капка лимон. Нека постои така минута-две, па потоа измиксајте го со миксер и прелијте го колачот.
Нека се олади добро, па исечете го со нож потопен во врела вода, на коцки 3*3 цм.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови