Во длабок сад се стават, какао, шеќер, јајце, маргарин отстојан на собна температура, сол и брашното замесете тесто. Тестото оставете го во ладилник еден час. По еден час тестото го делиме на 21 парче. Од секое парче формираме круг го расплескуваме на дланката на раката во средината ставаме една карамела,  ако е голема ја сечеме на половина. Потоа пак формираме круг го валкаме во шеќер и редиме во плек обложен со хартија.
Ги печеме на 180 окулу 15 до 20 минути.
Ви препорачувам, да ги направите со карамелите што ги произведува Европа не се многу големи и по печењето кога ќе оладнат карамелот не се стврднува многу .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови